Османи објави слика со Бектеши: Прво појавување на екс-министерот откако беше поднесено обвинението за пожарот во „Пулс“

Потпретседателот на ДУИ и екс-министер за надворешни работи, Бујар Османи синоќа објави фотографија со својот сопартиец, Крешник Бектеши кој е еден од обвинетите за трагедијата во Кочани.

„Во скопската чаршија бев домаќин на Крешник Бектеши и Арбер Адеми“, сподели Османи на својот профил на социјалните мрежи.

Ова е едно од ретките појавувања на Бектеши во јавноста откако беше обвинет за несреќата во дискотеката „Пулс“.

Loading