Претседателот на САД, Доналд Трамп, со писмо упатено до претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, најави воведување на царинска стапка од 30% за производи кои се увезуваат од Европската унија, почнувајќи од 1 август 2025 година.
Сепак, во писмото Трамп остава простор за компромис, нагласувајќи дека тарифи нема да се применуваат врз компании од ЕУ кои ќе решат да го префрлат своето производство на територијата на САД.
„Како што знаете, нема да има царински тарифи ако Европската унија, или компаниите внатре во ЕУ, решат да градат или произведуваат производи во САД. Всушност, ќе направиме сè што е во наша моќ за дозволите да бидат добиени брзо, уредно и професионално, во рок од само неколку недели“, се наведува во писмото на Трамп, објавено на неговата социјална платформа Truth.
Освен Европската унија, со истите мерки е опфатено и Мексико, кое исто така ќе се соочи со 30% тарифа на увоз во САД. Во однос на Бразил, ситуацијата добива форма на дипломатски конфликт, откако Трамп испратил остро формулирани писма до неколку светски лидери.
Во меѓувреме, во Куала Лумпур се одржа „позитивна и прагматична“ средба меѓу американскиот државен секретар Марко Рубио и кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји, што претставува редок момент на дипломатско смирување во период на трговски тензии.
![]()

