По објавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека од 1 август САД ќе воведат царини од 30% на увозот од Европската унија, Брисел остро реагираше. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, порача дека Унијата е подготвена да ги преземе сите потребни чекори за заштита на своите интереси, вклучувајќи и пропорционални контрамерки.
„Остануваме отворени за дијалог и сакаме договор до 1 август. Но, ако биде потребно, ќе реагираме одлучно,“ изјави фон дер Лајен.
Трамп својата одлука ја правда со „долгогодишни и упорни трговски дефицити“ во односот со ЕУ. Одлуката, според Брисел, може сериозно да ги наруши трансатлантските синџири на снабдување, на штета на бизнисите и потрошувачите од двете страни на Атлантикот.
Европската унија најавува дека ќе продолжи да гради глобални партнерства врз основа на фер и на правила базирана трговија.
![]()

