Судски пресврт по 4,5 години судење: Судот констатира судир на интереси кај вештакот во случајот на загинатиот Алек

Мирјана Радуловиќ, мајка на трагично загинатиот 17-годишен Алек Радуловиќ, за „Скопје1“ сведочи за долгата и болна судска одисеја што трае веќе четири и пол години, а сè уште нема првостепена пресуда. Нејзиниот син загина кога возач на автомобил му го пресекол патот, по што тој со мопедот починал на самото место.

Според неа, најтешкиот дел од процесот бил моментот кога Судот во декември 2024 година решил предметот да го испрати на супервештачење. Тогаш, Радуловиќ добила сознанија кои, вели, предизвикале сериозни сомнежи за неговата веродостојност. објави Скопје1.мк

Обвинувања за незаконски контакти меѓу одбраната и вештаците
Радуловиќ објаснува дека постоело основано сомнение оти адвокатот на одбраната имал недозволени контакти со супервештаците што го работеле вештачењето.

„Како родител кој бара правда за своето дете, јавно укажав дека постои сомнеж во стручноста и независноста на супервештачењето. Кратко по мојата реакција, носителот на вештачењето, Јане Илијоски од Секторот за сообраќај во Град Скопје, доби дисциплинска постапка и беше суспендиран“, изјави Радуловиќ. објави Скопје1.мк

Loading