🔴Неверојатно! 231 KM/H – „Сејф Сити“ го фати НАЈБРЗИОТ прекршител!

Во само неколку дена од пробното пуштање, системот „Сејф сити“ веќе го покажа вистинското лице на хаосот во сообраќајот. Камерите на МВР регистрираа неверојатни сцени – возач на скопската обиколница на 1 декември бил фатен како вози 231 километар на час, нов „рекорд“ во опасно и незаконско возење.

Според податоците што гостувајќи на ТВ Телма ги открија началничката на Секторот за сообраќајни работи Маја Арсовска Манов и државниот советник Владимир Велковски, системот само во првите 24 часа забележал 110.000 прекршоци. Веќе следниот ден бројката паднала на 50.652, што укажува дека многу возачи веќе почнале да „стапуваат на сопирачка“.

Од регистрираните прекршоци на 2 декември:

  • 48.861 се прекршоци за брзо возење,

  • 1.366 за минување на црвено светло,

  • 425 за нерегистрирани возила.

Најкритични точки остануваат излезот од Скопје кон Тетово со над 4.300 прекршоци и булеварот „Никола Карев“ со над 3.000 забележани брзо возења.

МВР истакнува дека овие бројки недвосмислено ја потврдуваат потребата од воведување на системот, со цел конечно да се подигне нивото на сообраќајна безбедност во земјата.

Се чини дека „Сејф сити“ допрва ќе ни открие колку навистина се опасни нашите сообраќајни навики.

Loading