🔴ОВА ЌЕ ПРЕДИЗВИКА РЕАКЦИИ: Ахмети од плоштадот Скендербег со јасна порака

Али Ахмети, лидерот на Демократската унија за интеграции (ДУИ), на денешниот протестен митинг во Скопје изрази поддршка за поранешните команданти на Ослободителната војска на Косово (ОВК), кои се соочуваат со судски процеси во Хаг.

Во своето обраќање од плоштадот Скендербег, Ахмети упати благодарност до САД, Европската Унија и НАТО, нагласувајќи дека нивната поддршка одиграла клучна улога во запирањето на, како што рече, геноцидот врз косовскиот народ.

Тој истакна дека протестот не е насочен против државата Македонија и дека поранешните водачи на ОВК придонеле за стабилност, мир и европска иднина на регионот. Според Ахмети, ОВК не била криминална организација, туку ослободително движење кое се борело за права, правда и еднаквост, почитувајќи ги меѓународните конвенции.

На протестот присуствуваа голем број граѓани, со албански и косовски знамиња, симболи на ОВК и фотографии од обвинетите. Собирот помина мирно, под засилено полициско обезбедување.

Во меѓувреме, премиерот Христијан Мицкоски оцени дека протестот претставува обид за политичка мобилизација пред партискиот конгрес на ДУИ, предупредувајќи дека ваквите активности можат дополнително да го изолираат Ахмети и да создадат перцепција на политичка нестабилност.

Loading