🔴 АПСЕЊЕ на висок ПОРАНЕШЕН ФУНКЦИОНЕР, истрагата ја води Обвинителството за организиран криминал

ВЧЕРА, по информациите за неговото апсење, од Министерството за внатрешни работи (МВР), без да наведат повеќе детали, соопштија дека е уапсено лице со иницијали Ф.С., а за ДЕНЕС најавија повеќе информации околу причините за неговото лишување од слобода.

Уапсен е поранешниот државен правобранител Фехми Стафа. Случајот го води Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, а МВР потврдува дека е уапсено лице со иницијали Ф.С.

Фехми Стафа ја извршуваше функцијата државен правобранител од август 2018 година до 23 август 2022 година, кога беше разрешен.

Државниот правобранител го назначува Владата, а институцијата со која раководи е задолжена за заштита на имотните и другите права и интереси на државата.

Loading