Од денеска директна авиолинија Скопје – Прага
Од денеска стартува директната авиолинија Скопје – Прага, која ќе ја опслужува нискобуџетната авиокомпанија „Визер“ со три лета неделно.
Летовите ќе се реализираат во понеделник, среда и петок, а денеска од Скопскиот аеродром ќе полета првиот авион за главниот град на Чешка.
Новата линија е дел од договорот меѓу Владата и „Визер“ за воведување пет нови дестинации од Скопје. Линиите Стокхолм – Скопје и Мадрид – Скопје започнаа во ноември, додека Бари – Скопје, Келн – Скопје и Прага – Скопје стартуваат од декември.
![]()

