ПОЛИТИЧКИ ЛЕТ БЕЗ ПОЛЕТ: ТИВКИОТ ПАД НА КРИСТИНА КОСТОВА

Некои птици никогаш не полетуваат

Кариерата на Кристина Костова заврши пред да започне – политички лет што заврши пред пистата. Во кулоарите на СДСМ веќе не се прашува каде е потпретседателката Кристина Костова, туку кога точно исчезна. Зашто исчезнувањето беше толку брзо, што многумина го пропуштија моментот. Од голем политички залет – до целосна тишина. Преку ноќ силната функционерка исчезна како прашина во Сахара.

Пред извесно време, Костова важеше за новото „силно име“. Амбицијата одеше пред реалноста, а функцијата се носеше како да е освоена на избори, а не договорена по тивки канали. Во тие денови, партиските шеми беа транспарентни само за оние што знаеја да читаат меѓу редови и сè изгледаше сигурно, стабилно, „завршена работа“.

Но, дојдоа локалните избори. И со нив и будењето. Шемите што ја донесоа до врвот се стопија побрзо од предизборни ветувања, а политичката тежина испадна полесна од самата титула. Потпретседателка на хартија, отсутна во реалноста.

Во СДСМ денес со цинична насмевка се коментира дека не била проблем функцијата, туку заблудата дека истата автоматски носи влијание. Дека големиот залет не значи ништо ако не знаеш каде сакаш да слеташ. Или ако воопшто, немаш крилја како Костова.

Политиката, сепак, не трпи пробни летови. А некои птици, колку и да се убедени во сопствениот подем, остануваат запаметени само по звукот што го направиле пред да исчезнат. Сепак Костова не успеа ниту тој звук да испушти. Исчезна безвучно, безлично, како што се и нејзините лик и дело.

Loading