🔴КОЈ ЈА ТУРКА КУЗЕСКА ВО ПОЛИТИЧКИ МИНУС? ДЕМАНТИТЕ ГО РАЗОТКРИВААТ СПИНОТ!

 СИГМОИД ГРУП ЖЕСТОКО ГИ ДЕМАНТИРА ОБВИНУВАЊАТА НА СДСМ: „НИКАКВА ПОВРЗАНОСТ СО МИЦКОСКИ, СЕ РАБОТИ ЗА ГРУБА КЛЕВЕТА“

Компанијата „Сигмоид Груп“ категорично ги демантира сите наводи изнесени од СДСМ, оценувајќи ги како невистини, конструкции и груба клевета.

Во официјален демант до јавноста, од компанијата посочуваат дека основачот Јован Јанкуловски никогаш не бил студент на Машинскиот факултет, ниту пак имал било каков контакт или поврзаност со премиерот Христијан Мицкоски, како што тврди портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

„Категорично демантираме дека основачот Јован Јанкуловски има завршено Машински факултет или дека некогаш бил студент таму. Воедно, никогаш немал контакт со премиерот“, велат од „Сигмоид Груп“.

Компанијата целосно ги отфрла и наводите од таканаречената „бомба“ на Кузеска, во која се тврди дека фирма со тројца вработени за краток период добила државни тендери во вредност од 74 милиони денари.

Од „Сигмоид Груп“ појаснуваат дека групацијата континуирано брои над 20 вработени и ангажирани ИКТ професионалци, со тенденција на раст, а дека споменатата набавка се однесува на групна набавка помеѓу компании во иста корпоративна структура.

Финансиските извештаи за 2024 година, како што наведуваат, јасно покажуваат дека најголемиот дел од приходите потекнува од странство. „Сигмоид Груп“ е официјален партнер на над 15 светски реномирани ИКТ и сајбер-безбедносни компании, а од 2018 година има портфолио од над 40 клиенти во јавниот и приватниот сектор.

Компанијата редовно учествува на јавни набавки во Северна Македонија и во странство, вклучително и во Естонија, една од најдигитализираните држави во светот.

Во проектните тимови, како што нагласуваат, се ангажирани домашни и странски експерти со највисоки меѓународни и НАТО безбедносни сертификати, што укажува на сериозен професионален капацитет.

„Сигмоид Груп“ има реализирано значајни договори со јавни институции во Естонија, Албанија, Косово, Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина, како и во Република Северна Македонија.

Претходно, Владата и ВМРО-ДПМНЕ исто така ги отфрлија наводите на СДСМ, оценувајќи ги како политички мотивирана клевета без фактичка основа.

Loading