МАКЕДОНИЈА ГО РЕШАВА ВЕЧНИОТ ПРАШАЛНИК: КАФИЛЕРИИ И ГРОБИШТА ЗА МИЛЕНИЧИЊА КОИ ГО ПРОМЕНУВААТ СÈ

Македонија конечно се движи кон решавање на долгогодишниот проблем со сметта од миленичиња, гробишта за миленици, кафилерија за животни и бездомни кучиња. Досега, голем број миленици по смртта биле фрлани на депонии, што предизвикувало еколошки и хигиенски проблеми.

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Оливер Миланов, информира дека до средината на 2026 година се очекува да бидат договорени локациите и инфраструктурата за новите гробишта за миленици и кафилерија, по што ќе започне практичната реализација на проектот.

Проектот ќе се реализира со јавно-приватно партнерство, а Македонија ќе добие и мобилна кафилерија, според моделите на западноевропските држави, која ќе овозможи безбедно и херметички затворено согорување на животинските трупови. Овој проект е и еден од условите за преговорите со ЕУ.

Покрај тоа, се разгледува и можност секоја општина да има прифатилиште за бездомни кучиња, со што ќе се намали бројот на животни на улица, кој моментално изнесува повеќе од 8.000. Новиот закон за здравствена заштита на животните предвидува казни за неодговорни сопственици, водење куче без поводник, големи опасни раси и ќе вклучува трибини за едукација на граѓаните.

Овој чекор е историски за Македонија и ќе донесе ред, хигиена и одговорно сопствеништво на миленици, но и решавање на долгогодишни еколошки предизвици.

Loading