Поради интензивни врнежи од снег на Попова Шапка, од 21:00 часот вчера вечер е воведена задолжителна употреба на зимска опрема (ланци) на патниот правец село Лисец – Попова Шапка.
Како што информира Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ), снежните врнежи значително ги отежнуваат условите за сообраќај, особено на повисоките планински делници. На Попова Шапка има континуиран снег, поради што возачите мора да бидат дополнително внимателни.
Надлежните апелираат сите учесници во сообраќајот кои се движат кон Попова Шапка да користат соодветна зимска опрема, да ја прилагодат брзината според условите на патот и да ги почитуваат препораките на службите.
АМСМ редовно ја следи состојбата на патиштата и ќе информира доколку дојде до дополнителни промени или ограничувања во сообраќајот.
![]()

