Христијан Мицкоски – ЦВРСТО И ЈАСНО : Македонскиот идентитет НЕМА ЦЕНА и НЕМА КОМПРОМИС


„Македонскиот идентитет и јазик не се и нема да бидат предмет на преговори.
Ова не е политичко, туку прашање на национален опстанок.“

— Христијан Мицкоски
════════════════════════════════════════════════════

Премиерот Христијан Мицкоски испрати силна, јасна и недвосмислена порака до јавноста и меѓународната заедница – македонскиот идентитет, јазик и национално достоинство не се предмет на преговори. Реакцијата од официјална Софија, според него, само ги потврдува долгогодишните предупредувања дека барањата од источниот сосед не завршуваат со внесување на Бугарите во Уставот, туку одат кон целосно редефинирање на македонскиот идентитет.

Мицкоски, кој денеска присуствуваше на божиќната литургија во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје, истакна дека последниот став на бугарското Министерство за надворешни работи, каде што наместо „македонски јазик“ се користи формулацијата „достапен јазик“, е јасен сигнал за вистинските намери на Софија.

„Ова само ги потврдува нашите тези од првиот ден – дека не станува збор за едно барање, туку за обид за комплетно редефинирање на македонскиот идентитет“, порача премиерот.

Во духот на празниците, Мицкоски упати апел за обединување и надминување на партиските разлики кога станува збор за клучните државни и национални прашања. Тој нагласи дека без разлика дали некој е власт или опозиција, македонските национални интереси мора да бидат заедничка линија на одбрана.

Премиерот остро ја критикуваше и претходната влада, оценувајќи дека прифатила капитулантски пристап и го заглавила евроинтегративниот процес, наместо да заземе цврста и достоинствена позиција.

Со својата одлучност, Мицкоски уште еднаш се позиционира како лидер што отворено и без калкулации ги брани македонскиот јазик, идентитет и историска вистина. Неговата порака е јасна – Македонија ќе соработува, но нема да се понижува и нема да се откаже од своето постоење.

Loading