БОГОЈЕСКИ БЕЗ РАКАВИЦИ за Пржино, Груевски и Мицкоски

БОГОЈЕСКИ БЕЗ РАКАВИЦИ за Пржино, Груевски и Мицкоски

ПРЖИНСКОТО ПРЕДАВСТВО (договор) кој го потпиша Никола Груевски, беше главната причина да му кажам СТОП на тој човек и силно да му се спротивставам! Иако уште 2009 имавме несогласувања…
Потоа следуваа предавства во низа… ги предаде и своите луѓе и се испазари со промена на името Македонија за да замине во Будимпешта!
Касно ми призна дека сум бил во право со “бојкот” на Референдумот за името… требало да гласаме масовно ПРОТИВ, но лесно беше да кажува откако избега! Нема прочка!

ДЕНЕС Христијан Мицкоски, наследник на политичките функции на Груевски, бара поддршка да го укине ПРЖИНСКОТО ПРЕДАВСТВО, свесен за штетите кои истото ги прави по државата. Тоа што го искриви Груевски, сега мора да се исправа! Во право е!

Од мене лично, по принцип како “антипржино” борец, Мицкоски ја има поддршката за тоа!
Ќе предложам на Националниот Комитет на Македонски Концепт да го разгледаме прашањето и да дадеме поддршка на процесот! Но, ќе ги ослободам членовите на НК на МК од мојот личен став за “Пржино” и пресметката со Груевски за тоа!

Едноставно, аргументите против “Пржино” се огромни, најмногу доаѓаат од бизнис заедницата. Не смее економијата да трпи поради политичките глупости од минатото! На што личи, парализирана држава и економија од мин 5 месеци за секои избори?? Па “дупла Влада” со куп заменски и дополнителни министри??

Аргументите ПРОТИВ Пржино се огромни, како што беа ПРОТИВ Преспа! Тоа Груевски не можеше да го види! Или така му одговараше! Но ние не сме кукавици, не бегаме, не бојкотираме, туку се БОРИМЕ✊🏼

“Пржино” мора да си замине во историјата, како лоша пракса, која не смее да се повтори!

#пржинскидоговор #стоп #реформи #МакедонскиКонцепт

Loading