СДСМ со јавно соопштение реагираше на, како што наведуваат, лагите изнесени на Алфа ТВ, повикувајќи го лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, да го повика Жан Митрев да се појави во Обвинителството.
Од СДСМ потенцираат дека токму тие, заедно со нивниот претседател Венко Филипче, први јавно го повикале Жан Митрев да оди во Обвинителството и да поднесе пријава доколку смета дека изнесените тврдења не се точни. Според партијата, Митрев не го сторил тоа, бидејќи, како што велат, „знае дека ќе одговара кривично“.

„Нема потреба ВМРО-ДПМНЕ да прави медиумска хајка, бидејќи сценариото на оваа црна кампања и јавен линч против претседателот Филипче целосно го разобличивме. Сега ќе одговараат и нарачателите и извршителите“, се наведува во реакцијата.
Од СДСМ дополнуваат дека доколку Мицкоски има влијание врз судовите и обвинителството, како што тврдат, тогаш треба директно да ги контактира надлежните институции, а не преку медиуми и, како што велат, „сателити и извршители“. Повикот е јасен – Жан Митрев да се појави во Обвинителството и да одговори на сите сомнежи.
![]()

