По усвојувањето на спорниот Декрет во Собранието, сведоци сме на организирана и координирана медиумска хајка против СДСМ, оркестрирана од пропагандните кујни на ВМРО-ДПМНЕ и спроведена преку медиумскиот октопод Алфа–Алта. Наместо слободно и професионално информирање, јавноста е затрупана со навреди, омаловажувања, пцовки и говор на омраза насочени кон СДСМ, нејзините членови, раководството и претседателот на партијата.
Загрижува фактот што нема никакви реакции од релевантните новинарски и медиумски тела за бројните текстови и јавни настапи исполнети со вулгарности и закани. Наместо санкции за говорот на омраза, сведоци сме на селективни реакции – секогаш кога мета е СДСМ.

Навреди без последици – двојни аршини во новинарството
Во јавниот простор се појавија низа скандалозни изјави исполнети со навреди и пцовки, без никаква институционална реакција. Истовремено, СДСМ има поднесено 7 претставки до Здружението на новинари на Македонија, за кои сè уште нема одговор. Прашањето е јасно и гласно: зошто институциите молчат?
Дополнително, нема реакција ниту за навредите и деградирачкиот говор од други јавни актери, што отвора сериозен сомнеж за политички мотивирано толерирање на говор на омраза.

Дали ова е професионално новинарство?
СДСМ јавно прашува: дали навредите, заканите и вулгарниот говор се новиот стандард за „професионално новинарство“? Дали слободата на медиумите значи слобода за навредување и деградација на политички неистомисленици?
СДСМ нема да молчи
СДСМ ќе продолжи гласно да ги разобличува сите форми на пропаганда, злоупотреба на медиумите и организирани црни кампањи. Борбата за вистинска слобода на медиумите, достоинство во јавниот говор и одговорно новинарство продолжува.
Никој нема да нè замолчи.
изјави СДСМ – Центар за комуникации
![]()

