ДОДЕКА ДОНАЛД ТРАМП ЈА СТОПИРА РОДОВАТА ИДЕОЛОГИЈА, ВЕСНА ЈАНЕВСКА ЈА ВГРАДУВА ВО ОБРАЗОВАНИЕТО

Не стивнуваат реакциите во јавноста и меѓу родителите, но, според нив, министерката за образование Весна Јаневска ги игнорира апелите и незадоволството. Родителите потсетуваат дека граѓаните на последните избори гласаа за поинакви вредности, за заштита на семејните вредности за кои премиерот јасно и децидно се огласи, и за прекин со досегашните образовни политики. И покрај тоа, велат тие, Министерството продолжува со чекори за вградување на родовата и DEI-терминологијата во училиштата, што е во спротивност со изборната волја и со јавно прокламираните заложби на Владата. https://www.facebook.com/share/p/1BidQukZM5/

Родителите со сериозна загриженост го следат правецот во кој се движи македонското образование. Додека во САД јавно и јасно се прави пресврт и се стопира финансирањето и институционалната поддршка за родовата и DEI-терминологијата, оценета како политичка и идеолошка агенда, во Македонија истата таа агенда тивко, но системски се вградува во образовниот систем.

Одлуките на Доналд Трамп се посочуваат како пример дека дури и најголемите западни демократии признаваат оти ваквите политики не треба да се наметнуваат преку образованието и да се финансираат со јавни пари. Наспроти тоа, актуелната министерка за образование Весна Јаневска, според родителите, оди во спротивна насока и го продолжува континуитетот што граѓаните веќе еднаш јасно го отфрлија.

Родителите потсетуваат дека на последните избори не беше дадена поддршка за продолжување на политиките на поранешната министерка Мила Царовска, туку напротив – беше испратена порака за нивен прекин. Поддршката за актуелната Влада била поддршка за промени, а не за рециклирање на истите образовни концепти под нови имиња.

Според родителите, родовата и DEI-терминологијата не е неутрална, туку претставува идеолошка рамка што не придонесува за подобрување на квалитетот на образованието, туку за редефинирање на основни поими како пол, идентитет, семејство и родителство. Дополнително, се изразува загриженост дека наставниците се ставаат под притисок да спроведуваат политички насоки, наместо да се фокусираат на образовната и педагошката мисија.

Родителите порачуваат дека образованието не смее да биде поле за идеолошки експерименти и дека децата не смеат да бидат средство за спроведување политички агенди. Продолжувањето на континуитетот со политиките на СДСМ во образованието, велат тие, претставува игнорирање на изборната волја и на јасната порака испратена од граѓаните.

Ако она што денес се стопира во САД како штетно и идеолошко, кај нас се промовира како „стратегија“, тогаш, според родителите, оправдано се поставува прашањето – во чиј интерес се носат овие политики, ако не во интерес на децата и семејствата.

Loading