Во период кога во јавноста се отвораат дебати за образовните политики, наставните програми и условите во училиштата, дел од родителите низ државата изразуваат загриженост и бараат поголема вклученост во процесите што директно ги засегаат нивните деца. Посебно внимание привлекуваат најавите за нови образовни содржини и организациски промени во основното образование.
Во тој контекст, Советот на родители при ООУ „Крсте Мисирков“ од Куманово достави официјален допис до Министерството за образование и наука и до други надлежни институции, во кој ги наведува своите ставови и забелешки. На барање на родителите, дописот се споделува јавно со цел информирање на пошироката јавност и охрабрување на останатите совети на родители да се вклучат во дискусијата.
Во продолжение го објавуваме дописот на Советот на родители на ООУ „Крсте Мисирков“ – Куманово.
РОДИТЕЛСКИТЕ СОВЕТИ НА ПОТЕГ
Гледаме најави за ЛГБТИ+ и родово сексуално образование, за образовни стратегии и програми кои се косат со моралот, науката и светогледот на родителите, зголемување на бројот на часови и времето поминато на училиште, а за некои деца тоа ќе биде во училници кои повеќе потсетуваат на штали или затвор – без прозорци, во подрум, ладни, непровереани и со влага. Но, ќе останеме ли ние, родителите, како безгласни букви, и молчејќи ќе го дозволиме ли сето тоа да помине без никаков приговор?
Доаѓаат денови за средби со родителите и родителски совети, кога секој еден од нас треба да биде гласен и да го заштити своето дете од неквалитетно и штетно образование.
Куманово, како и вообичаено, предничи. Родителите од ООУ „Крсте Мисирков“ веќе се обратија до Министерството за образование и наука, како и останатите релевантни институции, и замолија Коалицијата јавно да го сподели нивниот допис и да апелира до советите на родители од другите училишта ширум Македонија да го преземат дописот и испратат и во нивно име.
Огромно браво за родителите од Куманово, кои без двоумење се борат за правилно образование на нивните деца, и благодарност за довербата укажана на Коалицијата да го споделат овој допис со нас. Подолу следува обраќањето од Советот на родители на ООУ “Крсте Мисирков” – Куманово до Коалицијата:
Почитувани,
Ви го доставуваме ова соопштение со цел да ја информираме јавноста за сериозните предизвици со кои се соочуваат учениците, родителите и наставниците во основното образование, како и за конкретните барања што ги упатуваме до надлежните институции.
Како Совет на родители при ООУ „Крсте Мисирков“ Куманово, упатуваме детален допис до Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието и другите надлежни органи, во кој укажуваме на системските слабости во актуелните образовни политики, нивната имплементација, неподготвеноста на училиштата за новата концепција, преоптовареноста на учениците и недостатокот на суштинска јавна, професионална и научна вклученост во процесот на реформи.
Во барањето кое е испратено до институциите од Советот на родители од нашето училиште се наведени следниве забелешки за Наставните планови и програми и Новата концепција за основно образование: