Скопје влегува во нова, модерна и еколошка ера! Со јасна визија, државничка одлучност и вистинска грижа за граѓаните, Владата предводена од Христијан Мицкоски носи историска одлука – набавка на 100 екоавтобуси и 50 полначи, како дел од стратешкиот договор со Владата на Унгарија.

Оваа капитална инвестиција е резултат на силната соработка меѓу централната и локалната власт и директна поддршка за визијата на градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, кој од првиот ден покажува решителност, енергија и конкретни резултати.
Во време кога Скопје се соочуваше со сериозни предизвици и колапс на јавниот превоз, токму ова лидерство донесе надеж, стабилност и јасен план за иднината. Благодарение на безрезервната поддршка од премиерот Мицкоски, започнува процес кој засекогаш ќе го промени секојдневието на илјадници скопјани.

„Повеќе нема да се прашуваме дали можеме подобро – тоа подобро заедно ќе го живееме“, порача Ѓорѓиевски, најавувајќи тектонски промени во јавниот превоз, но и нови возила за Комунална хигиена до крајот на годината.
Ова не е само инвестиција во автобуси – ова е инвестиција во здравје, чист воздух, достоинствен јавен превоз и иднина за нашите деца. Скопје конечно добива раководство што не ветува, туку реализира.
![]()

