ДОДЕКА ОПОЗИЦИЈАТА НАПАЃА, МУЦУНСКИ РАБОТИ: 151 МАКЕДОНЕЦ БЕЗБЕДНО ВРАТЕНИ ОД ОАЕ

Додека опозицијата се обидува да „спечали“ евтини политички поени наместо да биде поддршка во вакви чувствителни моменти за државата и граѓаните, институциите предводени од министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски демонстрираа исклучителна подготвеност, одговорност и врвна ефикасност во заштитата на македонските државјани.

На Меѓународниот аеродром Скопје вечерва безбедно пристигнаа 151 македонски државјанин кои претходно престојувале во Обединетите Арапски Емирати, а нивната евакуација беше успешно реализирана благодарение на брзата, професионална и одлучна координација на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

Министерот Тимчо Муцунски, кој во изминатиот период покажа лидерство, максимална посветеност и државнички пристап во управувањето со кризата, информираше дека евакуацијата е резултат на одлично организирана и координирана акција на институциите.

https://www.facebook.com/share/p/1HfnXVWr5S/

„Вечерва на Меѓународниот аеродром Скопје пристигнаа 151 патник, како дел од групата македонски државјани кои престојуваа во Обединетите Арапски Емирати и кои успешно и безбедно беа евакуирани и вратени во државата“, соопшти Муцунски.

Операцијата уште еднаш ја потврдува високата подготвеност, професионалност и ефикасност на институциите во справувањето со кризите, како и посветеноста на министерот Муцунски да обезбеди сигурност и грижа за секој македонски граѓанин, без разлика каде се наоѓа.

Според информациите од Министерството, во наредните денови се очекува да биде финализирана и евакуацијата на останатите македонски државјани кои се наоѓаат во погодените подрачја на Блискиот Исток.

Loading