Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утре заминува во официјална работна посета на Република Полска, на покана од неговиот полски колега Радослав Шикорски.
Станува збор за прва билатерална посета на Муцунски на Варшава, при што во центарот на разговорите ќе бидат продлабочувањето на односите меѓу двете земји, со посебен акцент на економската соработка, зголемување на трговската размена и привлекување на нови полски инвестиции во Македонија.
Дополнително, се очекува да се разговара и за поддршката што Полска ја дава на македонскиот евроинтегративен процес, како и за актуелни теми поврзани со регионалната стабилност, европските политики и глобалната безбедност.
Во рамките на агендата, предвидена е тет-а-тет средба меѓу двајцата министри, по што ќе следи проширена пленарна средба на делегациите. Посетата ќе биде заокружена со заедничка прес-конференција, на која ќе бидат презентирани заклучоците од разговорите.
![]()

