МУЦУНСКИ ВО ПОЛСКА – НАЈАКТИВНА ДИПЛОМАТСКА ОФАНЗИВА ЗА ЕКОНОМИЈА И ИНВЕСТИЦИИ

Муцунски со најактивна дипломатска офанзива – прва официјална посета на Полска со фокус на економијата и евроинтеграциите

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, кој важи за еден од најактивните и најпроактивни носители на македонската дипломатија, денес престојува во работна посета на Полска.

Посетата, која се реализира на покана од полскиот министер за надворешни работи Радослав Шикорски, претставува значаен чекор во зајакнувањето на билатералните односи и уште една потврда за интензивната дипломатска активност на Муцунски.

Во Варшава, министерот ќе ги предводи разговорите насочени кон најсилно унапредување на економската соработка, зголемување на трговската размена и отворање на нови можности за полски инвестиции во земјава.

Покрај економските аспекти, како еден од најангажираните промотори на евроинтеграциите, Муцунски ќе разговара и за континуираната поддршка од Полска за европскиот пат на Северна Македонија, како и за клучните регионални и безбедносни предизвици.

Агендата предвидува тет-а-тет средба меѓу двајцата министри, пленарни разговори на делегациите и заедничка прес-конференција, на која се очекува да бидат презентирани конкретни резултати од оваа високо ниво дипломатска иницијатива.

Loading