РАСКОЛ ВО ДУИ, битка помеѓу Ахмети и Бујар

Политика дознава дека токму на младите ќе падне к’сметотк да го отворат горчливотo прашање за востаникот Aли Ахмети на чело на партијата, кои секако ќе покажат и длабок респект према лидерот и тоа што тој го направи за Албанците, но и за малкумина околу него во сиве овие години наназад. Сепак ќе мора да побараат оставка од почитуваниот лидер кому ќе мора да му го извагаат и тоа што не го направи за Албанците и за партијата. Најмногу на вагата ќе натежне штетата што Ахмети им ја направи на сопартијците тапкајќи го по рамо осомничениот Артан Груби во дилот со неговиот побратим од црната листа на САД Сашо Мијалков. Да е само тоа….

Всушност, црната листа на САД му ги пакува политичките куфери на Ахмети….

Политика дознава дека мачната задача да му погледне во очи на лидерот и да му побара ОСТАВ и секако прошка поради незгодниот чин му паднала на младиот Бујар Османи кој може да се нафати на таков чекор со поддршка на скопското крило, или како што велат нашите извори, уште поарно ако за тоа добие амин од еден од внуците на Ахмети.

Секако, дека оваа вторава поддршка би можела да влета во сценариото за ОСТАВ на лидерот Ахмети, во случај сериозно да се разбрани пораките што ги испрати САД преку црната листа кои требало да бидат прифатени од вечниот лидер и да се преточат во политичко пензионирање.

Османи е во игра, според нашите извори, не само како аберџија пред Ахмети, туку и како негов наследник. Додуша, овие шпекулации за наследникот на Ахмети, веќе подолго време се вртат во политичките кругови. На оваа тема прифаќаат неофицијален разговор и оние кои добро ги познаваат приликите кај инегративците и велат дека расколот на политичките крила во ДУИ не е ништо ново по многу други прашања, па така и за наследникот на Ахмети.

Прочитајте повеќе во анализа на следниов ЛИНК на Politika.com.mk

Loading