Реакција на Богојески, лидер на партијата МК по повод настапот на Георгиевски, лидер на партијата Вмро НП
Настапот на Љубчо Георгиевски на подкастот кај проф. Дечев во Бугарија е уште еден срамен пример за работа во корист на туѓи каузи, а на директна штета на македонската. Наместо да ги брани реалностите и историските факти за посебноста на македонскиот етнос и јазик, тој ги интерпретира како „вештачко создавање“ од страна на комунистичката интернационала и српските и грчките монархисти. Очигледно, неговата цел е да се допадне на бугарскиот етнички шовинизам и рускиот бугаризам на Балканот, наместо да застане во одбрана на македонската кауза.

Шокиран сум од степенот на патолошката фрустрираност кај Бугарите од југословенскиот претседател Тито. Наместо да се соочат со фактите, тие продолжуваат да ја негуваат оваа фиксација за која дури и оние кои критички гледаат на улогата на Југославија, како што сум јас, почнуваат да преиспитуваат свои ставови.
Јас доаѓам од семејство кое Тито никогаш не го прифаќало, кое славело атентат врз Александар Караџорџевиќ, и кое многу добро ја разбира улогата на сите надворешни фактори во нашиот регион. Но, оваа опседнатост со Тито и Југославија, особено од бугарска страна, покажува една длабока историска несигурност и неспособност за соочување со реалноста – дека македонскиот етнос, јазик и идентитет се посебни и автентични. – нагласува Богојески.

Љубчо Георгиевски со ништо не е различен од Колишевски или слични одработувачи за српската држава во Македонија. Дали ќе работиш за Србија, Бугарија или Грција не важно, важно е дека работиш против Македонија.
Време е ваквите настапи и обиди за понижување на нашата посебност јасно и недвосмислено да бидат осудени.

ВАЖНО: Повик до членовите и симпатизери на Вмро Народна партија, кои се лојални на македонската Кауза да преминат во Македонски Концепт и да го напуштат работењето на нивниот лидер Георгиевски за туѓи бели дворови и лични финансиски интереси.
![]()

