Американската амбасадорка во Северна Македонија, Анџела Агелер, ја истакна важноста на сериозниот пристап кон прашањето на миграцијата, кое е актуелно и предизвикувачко во многу земји, вклучувајќи ги и САД. Во интервју за Сител, Агелер предупреди дека е непродуктивно и штетно оваа тема да се користи само за политички поени.

„Навистина е лоша услуга за граѓаните ако ова се сведе само на политичка тема“, изјави таа, нагласувајќи дека за вакви сложени прашања се потребни продуктивни разговори со сојузниците и партнерите.
Агелер додаде дека разговорите за миграција се нормална пракса меѓу земјите, но самото постоење на дијалог не значи автоматски донесување на политики. Таа истакна дека темата е глобален предизвик и бара одговорен пристап од сите држави.
![]()

