Родителите во Македонија алармираат за контроверзните содржини во Националната стратегија за образование 2026–2032, која предвидува воведување на сеопфатно сексуално образование (ССО) и родово-сензитивни концепти во задолжителното образование.
Иницијативата предупредува дека новата стратегија е континуитет на стратегијата на Мила Царовска, која според родителите и експертите сериозно го наруши квалитетот на образованието. Родителите апелираат до министерката Јаневска да не дозволи повторување на истиот спорен пристап и да обезбеди стратегија која е транспарентна, развојно соодветна и вредносно прифатлива.
Главните грижи на родителите се:
-
Недостаток на родителска согласност и информираност
-
Воведување на родово-сензитивни и родово-трансформативни концепти без законска основа
-
Присуство на странски финансирани НВО со идеолошки агенди
-
Можни негативни последици врз психичкото и моралното развивање на децата
Родителите бараат:
-
Итно стопирање на стратегијата во сегашна форма
-
Вклучување на родители, наставници и независни експерти во преработка
-
Отстранување на ССО и родово-сензитивни концепти од школите
-
Јасна дефиниција на полот како биолошка категорија
Според иницијативата, ова не е прашање на дискриминација, туку прашање на родителско право, заштита на децата и почитување на законот и Уставот.
Апелот е јасен: Министерката Јаневска да не дозволи Националната стратегија да биде континуитет на онаа од Мила Царовска и да ги слушне родителите и експертите пред усвојување на документот.
Поддржете ја оваа иницијатива и информирајте се повеќе на линк.
![]()

