Премиерот Христијан Мицкоски од Кавадарци изјави дека Македонија забрзано ја реализира реформската агенда, со цел до април 2026 да се позиционира како најуспешна земја во Западен Балкан според исполнетите чекори за европска интеграција.
Според Мицкоски, поголемиот дел од реформите, кои требаше да бидат завршени до крајот на декември 2025 година, веќе се завршени, додека останатите обврски ќе се финализираат до пролетта. Тој најави дека темаска средба за напредокот на реформите ќе се одржи во наредните денови, на која ќе се дефинираат преостанатите чекори што треба да поминат низ Владата и Собранието.
„Наша цел е од април Македонија да биде лидер во реформите во Западен Балкан и да покажеме дека земјата може да ги исполни сите критериуми за членство во Европската унија, без да биде заложник на билатерални прашања“, рече Мицкоски.
Оваа иницијатива е дел од стратешката програма на Владата за забрзување на реформите, јакнење на институциите и подобрување на меѓународната позиција на земјата.
![]()

