СТРАШНА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА: ТИНЕЈЏЕРКИ ПРЕГАЗЕНИ ОТКАКО ПАДНАЛЕ ОД САНКИ ВЛЕЧЕНИ ОД АВТОМОБИЛ

Во селото Мршаќ, на подрачјето на Краљево, Србија, се случила тешка и вознемирувачка сообраќајна несреќа во која две тинејџерки на возраст од 16 и 17 години се тешко повредени.

Според информациите и видеото што кружи на социјалните мрежи, автомобил влечел санки на кои се наоѓале девојките, додека зад нив се движело друго возило. Несреќата се случила на исклучително лизгав пат покриен со снег и мраз.

Во еден момент, возачот на автомобилот што ги влечел санките забрзал, по што девојките паднале на коловозот. Возилото што се движело зад нив не успеало навреме да запре и ги прегазило.

https://www.facebook.com/watch/?v=25518873001140132

Полицијата ги уапсила двајцата возачи – 19-годишниот Л. П. и 35-годишниот Ѓ. Ј. Надлежните органи вршат истрага за утврдување на сите околности и евентуална кривична одговорност.

Овој трагичен настан повторно ја отвора темата за опасностите од неодговорно однесување во сообраќајот, особено во зимски услови.

Loading