ГЕРМАНСКАТА АМБАСАДА се поклони пред жртвите на НАЦИЗМОТ во Македонија

Читаност: 0
Време:34 Секунди

Претставници на Германската амбасада во Скопје го одбележаа 11 Октомври со положување венци на споменикот Ослободители на Скопје пред Владата и на Спомен костурницата во Куманово.

„Во знак на сеќавање на народното востание од 1941 година против фашистичкиот режим, Германската амбасада положи венци на спомениците во Куманово и Скопје. Да не се повтори“, напиша амбасадорката Анке Холштајн на социјалните мрежи.

Македонија се обиде да го одбележи 11 Октомври – Ден на народното востание на македонскиот народ, но целосно прославата беше обоена во партиски бои на СДСМ.

Пред 81 година на 11 октомври, со нападот на македонските партизани на бугарскиот участок во Прилеп почнува Народноослободителна борба против бугарскиот, италијанскиот и германскиот фашистички / нацистички окупатор и албанските соработници.

Menu
Social profiles