АПАСИЕВ фурнаџиска лопата, пак се ПРЕДОМИСЛИ, сега бил за ЕУ и Преспански и Бугарски

Читаност: 0
Време:1 Минути, 10 Секунди

Лидерот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев како фурнаџиска лопата, повторно се предомисли и потврди дека прашањето за иницијативата за референдум, кое што партијата го започнаа, немало да биде против членството на државата во ЕУ.

-Ние не сме анти-ЕУ партија или како и да го сакаат тоа да претстават, но во формулацијата би користеле случајни и веќе случени преседани од типот на Преспанскиот договор.

Ова значи дека циркузантот сега прифатил постоење Преспански договор и ќе користел Северна, а на изборите 2020 година се трескаше од маса и вриштеше дека ќе го поништува договорот, само да станел пратеник. Која срамота од човек.

Така да би било интелигентно формулирано со цел да ја натераме Владата да не може да бојкотира или евентуалниот бојкот да се толкува како анти-ЕУ, со што тој наратив би го префрлиле на Владата, рече Апасиев за Тв Сител.

Апасиев потенцира дека би го одбегнале гласањето директно за Договорот со Бугарија, со цел да не „му даваат муниција на Талат Џафери“.

Со други зборови, кловнот кажува дека го легитимира и Бугарскиот договор, само што се вади на Таљо со смешни „интелигентни“ изгови за глупави луѓе.

-Нему би му препорачал двапати да размисли пред ја одбие оваа иницијатива, порачува Апасиев.

Левица ќе достави нова иницијатива за референдум откако беше одбиена претходната на ВМРО-ДПМНЕ од страна на претседателот на Собранието.

Образложението беше дека меѓународните договори не можат да се менуваат со закон.

Menu
Social profiles