Албански етнички шовинизам, лажни основи – Дел шестти

Албански етнички шовинизам, лажни основи – Дел шестти

Овој фељтон е статија со популарено – научен и општествено – политички карактер, напишана живо и реалистично од Петар Богојески, национален лидер на политичка партија Македонски Концепт️.

Шовинизмот базиран на етнички основи, чиј и да е, и од каде и да доаѓа, се злоупотребува во политички цели на штета на соживотот на македонските граѓани од различно етничко потекло.

Сведоци сме на лажните пропаганди на албанските шовинисти, самонаречени историчари, кои тврдат дека денешните територии во кичевско – дебарскиот крај им припаѓале на илирските племиња, а со тоа тие имале право врз истите бидејќи денешните Албанци биле антички Илири! Тоа никој не го зема за сериозно, но во Македонија се користи во политиката од т.н албански партии.

Што за тоа зборуваат автентичните историски извори и официјалната наука?

Изворни податоци за оваа тема имаме во описот на првиот поход на македонскиот крал Персеј во 169 год. п.н.е. за презаземање на античкиот град Uscana од Римјаните и од нивните илирски сојузници, што ни овозможува да ја уточниме местоположбата на Uscana кај Кичево.

За тоа детално пишува кај N. Proeva – O. Brankoviќ,  Le problème de localisation de la ville d’Uscana en Haute Dassaretie, in actes du colloque internationale L’Illyrie meridionale et l’Epire dans l’Antiquité, IV, Grenoble, 2002, Paris, 2004, p. 199 – 202. во кој труд е извршено локализирање на градот Uscana, а подоцна преземено од В. Лилчиќ, како негов авторски труд во Македонско наследство 14, Скопје,  2000, стр. 2 – 72: Походот на Персеј на Uscana/Perseus Campaign in Uscana.

Темата повторно е анализирана од Н. Проева, За дасаретските племиња (Penestae, Dassaretae, Engeleanes) и местоположбата на градот Uscana во Горна Дасаретида, Жива Антика, LXIV, 2014, стр. 165 –180, сл. 1–2, résumé p. 180 -181.

За местоположбата на најголемиот пенестински град Uscana искажани се повеќе мислења, меѓу кои преовладуваат две. Според едни градот бил кај Дебар (W. M. Leake, H. Kiepert, G.Zipel, J. Kromaer, P. Meloni, F. F. Walbank, П. Лисичар, H. Sadiku, P. Cabanes, F.Papazoglou), според други кај Кичево (B. Niesse, Н. Вулиќ, Ф. Папазоглу, N. G. L.Hammond). (Преглед на мислењата в. N. Proeva – O. Brankovik’, оp. сit. , p. 198.)

Има и трето мислење на Т. Томовски, Auf den spuren der illyrischen Siedlung Iscana, Živa Antika XII, Skopje, 1962, p. 339 – 343, дека градот бил на лок. Бучиште во Дебарца, но тоа е сосема неубедливо.

Т. Ливиј пишува дека Персеј тргнал од македонскиот град Styberra (централна Пелагонија, помеѓу Прилеп и Битола) со 10.000 тешко и 2000 лесно вооужени пешаци, како и 500 коњаници, дека носел опсадни справи и снабдување за повеќе денови и дека после три дена стигнал пред градот Uscana. (T. Liv., XLIII, 18, 4–5.)

Од Styberra, што со сигурност е докажано дека била кај с. Чепигово, (Ф. Папазоглу, Македонски градови, стр.  216 – 221; Ead., Les villes, p. 289 –302.) можни се три правци према предложените локации: еден за Дебар и два за Кичево. Патот од Чепигово до Дебар води по текот на р. Црна преку Демир Хисар, потоа мора да скршне по р. Белица и преку клисурата Јама, 1507 м,. да се сигне до Дебар, што би изнесувало cca 110 км.

Со оглед на тоа дека војската била натоварена со храна и опсадни справи и се движела во зима кога деновите се покуси (6/7 часови), речиси е невозможно, за три дена да се помине растојание од cca 110 км. за да се стиге во Дебар, што може да се докаже со искуство на современата војска. Имено, иако е многу подобро опремена за војување, современата војска може засилено да маршира само 10 часа дневно, при што првите три часа поминува 5 км. на час, по што брзината прогесивно се намалува, прво на 4 км., а потоа на 3км. на час.

На угорницата од 25% се губи уште 15% од времето. На секој час, по правило, се дава 15мин. одмор, а после 5 часови одење, одмор од еден час. Тоа значи дека одејќи на рамно современата војска за 10 часови може да помине cca 40 км. при што 3 часови се потребни за одмор, што значи дека денот треба да трае 12 часови, како што е во летен период, но не и во зимски.

Од Styberra кон Кичево односно Кичевска котлина која на север граничи со пл. Буковик, на запад со Бистра планина, на исток со Песјак, а на југ со Илинска и Бушева пл. водат два правца. Едниот пат, по текот на р. Црна преку Демир Хисар води директно во Кичево (60км), при што мора да се мине превојот Турла, висок 1099 м.

Страбон сите деуриопски градови (Styberra, Alalkomenai, Bryanion) ги лоцира долж р.Erigon – Црна река, (Strab., VII, 7, 9 (C 327) што извира кај с. Железник во Демир Хисар, а тоа е горномакедонската област Deuriopos. На натписите (IG X, II,2 no 300) сe
посведочени политарси, типично македонска, а не илирскa магистратура, како и demos Derriopos (IG X, II,2 no 300) вообичаено уредување (којнон) на горномакедонските области. Ова покажува дека целата таа област била под типично македонска управа, иако
биле променливи границите на помалите области во внатрешноста на Балканот.

Вториот, подолг пат од Styberra води по долината на р. Блато до с. Дебреште (cca 30 км) и од Пелагонија излегува преку превојот Барбарас (864 м.), за да продолжи по горниот тек на р. Треска/Велика сè до Кичево, cca. 42 км. што се заедно изнесува cca 72 км.

Јасно е дека Персеј го одбрал подолгиот пат (cca 72 км.) преку Пелагонија, но затоа многу полесен и со понизок превој (кај Барбарас, 864 км.) од оној преку Демир Хисар (Турла, 1099 м.). Таму е посведочена тврдина, а северозападно од тој превој се наоѓа тврдина Кале од касноантичко време (И. Микулчиќ, Средневековни градови и тврдини во Македонија, Скопје, 1996, стр. 255–257).

Во прилог на локализација на Uscana кај Кичево е и патот по кој оделе пратениците на кралот Персеј испратени кај Гентиј со цел да го придобијат за борба против Римјаните, опишан од Т. Ливиј, Полибиј и Диодор. (T. Liv. XLIII, 20. 1; Polyb., XXVIII, 8, 1-5; Diod.

Двајцата пратеници: Илирот Плеурат, пребеган кај Персеј и Македонецот Адај од Бероја откако преминале преку гребенот на пл. Scordus и опустошената Илирија (Illyrici solitudines) со огромни тешкотии стигнале во Scodra (Скадар) кај што столувал Гентиј, кој
пак во тоа време бил во Lissos, и ги повикал таму.

Ова покажува дека Uscana не може да биде во Дебар зошто во тој случај би било непотребно пратениците да ја преминат Шар планина (Дебар не е кај Шар пл.), туку во Scodra би стигнеле одејќи направо по долината на р. Црн Дрим или р. Мати при што би
морале да поминат низ Lissos каде што би го нашле Гентиј и не би имало потреба да одат во Скадaр.

Зошто е значајно да се лоцира античка Ускана? Бидејќи истата е македонски град, кој бил неколку пати окупиран од римските легии со помош на илирски племиња и неколку пати ослободуван од македонските војски. Штом е јасно дека местоположбата на
Uscana е кај Кичево, што може да се поткрепи со два археолошки локалитети, јасно е дека целиот тој опфат влегувал во етничка македонска територија.

Едниот е лок. Кржалица кај с. Карабуница на патот Кичево – Македонски Брод – Прилеп – населба со некропола од хеленистичко време, т.е. време на македонска доминација (Г. Спасовска – Димитриоска, Археолошки преглед, Љубљана, 1986, стр. 81–82; Ead., Macedoniae acta archaeologica 10, Скопје 1989, стр. 143–151.)

Другиот е населбата Граиште – Венец, кај. с. Миокази, со континуитет од неолитот до средниот век, и се наоѓа на истиот патен правец. (G. Spasovska– Dimitrioska, Macedoniae acta archaeologica 7–8, Скопје, 1987, 167–174; Ead.,  Лихнид 7, Oхрид, 1989, 43–44.)

Иако двата локалитети не се систематски ископувани сепак може да му се даде предност на лок. Миокази заради неговата стратешка положба: од источната страна ја надгледува долината на р. Велика / Треска која води директно во Кичево, а од северната страна пак ја контролира долината на Рабетинска река. Откриената тврдината од доцното античко време заради одбранбени потреби верјатно била изградена и пред тоа, исто како и населбата.

Името на локалитетот – Градиште јасно укажува на градска населба и најверојатно овде се наоѓала акрополата на градот Uscana. Во овој случај треба да се смета со растојанието од Чепигово до Миокази што е за 10 км. помалку од растојанието до градот Кичево и уште повеќе ја зголемува веројатноста дека Персеј со војската одел токму по оваа траса и дека градот се наоѓал на оваа страна од Кичевската котлина.

И другиот споменат локалитет веројатно припаѓал на градот Uscana зошто Uscana бил голем македонски град со 10.000 жители кои биле населени меѓу овие два локалитети. (T. Liv., XLIII, 18, 5;  10,1.).

Важно е да се спомене и тврдината од доцната антика на десниот брег на р. Треска, кај с.Подвис, на западната страна од кичевската котлина, што очигледно го контролирала влезот во котлината од таа страна. (Г. Спасовска–Димитриоска, Лихнид, 7, Охрид, 1989,
стр, 44).

Во обидот да ја заземе Uscana во 170 год. п.н.е. римскиот заповедник Апиј Клаудиј тргнувајќи од Lychnidos, се улогорил на 12 милји од Uscana, што одговара на растојанието меѓу Миокази и Подвис, 17 км.

По сево ова останува само да се констатира дека остатоците на Uscana докажуваат автохтоно македонско, а не илириско, присуство на териториите на денешна западна Македонија.

Откако во овие шест делови од објавата на овој фељтон, со научни докази, базирани на автентични историски извори, докажавме дека не само територијата, туку и племињата (Penestae, Dasaretae, Engeleanes) се дел од македонската култура и цивилизација, а не од илирската, останува да побараме од албанските шовинистички политичари да престанат со сказните за ослободување на древни илирски огништа во Македонија и со тоа да го оправдуваат големо албанскиот шовинистички експанзиционизам.

Продолжува…