Трагедија кај Дебар: Жена се удави во езерото, нема траги на насилство

Тешка несреќа го потресе Дебар во саботата попладне, кога жена на возраст од околу 40 години го загуби животот во водите на Дебарското Езеро, во близина на градската плажа.

Според првичните информации, телото на жената било забележано како плови во водата од страна на две лица кои веднаш реагирале, ја извлекле на брег и се обиделе да ја реанимираат. За жал, обидите биле неуспешни.

На местото на несреќата пристигнала и екипа на Брза помош од дебарската Општа болница, но лекарите можеле само да ја констатираат смртта. Според официјални информации од полицијата, на телото немало видливи траги на насилство.

Случајот претставува прво давење во Дебарското Езеро по повеќе од десет години. Локалните власти информираат дека од 2017 година на градската плажа функционирале организирани спасувачки тимови, но оваа летна сезона тие не се активни.

Увид на местото на настанот извршиле полициски екипи и дежурен јавен обвинител. Телото на починатата е предадено на обдукција, со цел да се утврди точната причина за смртта. Истрагата продолжува.

Loading