Денес, уште од рано утрото, на главниот граничен премин Евзони, запловија километарски редици од возила што чекаа за влез во Грција. Минатиот ден, уште од раните утрински часови, на излезот кон Солун се формираа редици од автомобили, минибусеви, туристички автобуси и камп-приколки, што предизвика загриженост кај илјадници патници. Сепак, во попладневните часови колоните се разретчија.
Овој премин, што работи 24/7 и претставува срж на сообраќајот меѓу Скопје и Солун, особено е оптоварен на левата коловозна лента, каде се чека по еден час, а понекогаш и многу повеќе. Освен Македонци, на граничниот премин во колони чекаат и туристи од Србија, Унгарија, Бугарија и други европски држави кои со неизвесност ги трпат задоцнувањата во својот пат кон одмор.
Се забележува дека камп-приколките и караваните го комплицираат поминувањето, бидејќи бараат повеќе време за проверка и зафаќаат простор.
Повеќе информации за состојбата на граничниот премин може да добиете „во живо“ на онлајн платформите alltrafficcams.com, borderalarm.com, webcameras.gr и tripadvisor.in, што овозможува планирање на патувањето во зависност од моменталната сообраќајна состојба.
Еврпската туристичка сезона секако ја зголемува фреквенцијата на премините, но оваа недела се забележува необична гужва која ја надмина просечната дневна фреквенција, правејќи голем притисок врз инфрастуктурните капацитети на едно од најфрекфентните влезни точки кон Грција.
![]()

