Пожарот што избувна денеска околу пладне во двокатен хотел во историскиот кварт Калеичи во Анталија предизвика паника.
Локалните медиуми јавуваат дека пожарот започнал во хотел на улицата Узунчарши и брзо се проширил, а противпожарните служби пристигнале за само три минути.
Неколку гости кои се наоѓале во хотелот за време на пожарот биле брзо евакуирани, и објавено дека нема жртви. Вкупно десет противпожарни возила и 35 пожарникари се вклучени во гаснењето.
Antalya, Muratpaşa’daki tarihi Kaleiçi’nde bir otelde başlayan ve yanındaki işletmeye sıçrayan #yangın kontrol altına alındı pic.twitter.com/PZAv3ODQ8C
— KritiQ (@KritQal) June 29, 2025
Властите соопштија дека пожарот во хотелот и во еден од објектите на кој се проширил е главно ставен под контрола, но дека огнот во друг објект сè уште е активен.
Гувернерот на Анталија, Хулуси Шахин, изврши увид на местото на настанот и потврди дека нема загинати или повредени.
„Гостите беа сместени во три соби од хотелот. Сите беа евакуирани, никој не е повреден. Огнот се прошири на напуштена зграда веднаш до хотелот. Пожарот сè уште гори на покривот од таа зграда, а екипите продолжуваат со интервенција,“ изјави Шахин.
![]()

