Во ООУ „Никола Карев“ во Пробиштип се санира дел од покривната конструкција што беше оштетен од невремето во текот на летото, информира градоначалникот Тони Тоневски.
Општина Пробиштип помогнала во подготовката на потребната техничка документација, а училиштето ги обезбедило средствата за градежните работи од сопствениот буџет.
Тоневски посочи дека санацијата треба да обезбеди побезбедни услови за настава. Тој нагласи дека грижата за училишната инфраструктура и безбедноста на учениците и наставниот кадар останува меѓу приоритетите на општината.
![]()

