(ВИДЕО) Терористички напад во Германија, има жртви и многу повредени

Најмалку 11 лица загинале, а повеќе од 60 се повредени откако возач на автомобил влетал во маса луѓе на божиќен базар во германскиот град Магдебург.

Некои од повредените се во критична состојба.Полицијата блокирала голем дел од градот.

Според првичните извештаи од посетителите на божиќниот базар, возач на црн кросовер ги пробил бариерите и прегазил повеќе луѓе на божиќниот базар.

Според сведоците, тој возел цик-цак по целиот базар, очигледно за да прегази што повеќе посетители. Кога се обидел да се сврти, го сопреле и уапсиле полицајци. Засега нема информации за идентитетот на осомничениот напаѓач.

Инцидентот, пишуваат германските медиуми, буди лоши спомени на нападот на божиќниот базар во Берлин на 19 декември 2016, кога исламистички напаѓач со украден камион удри во десетици посетители. Тогаш загинаа вкупно 13 лица, а 67 беа повредени, некои тешко.


 

 

 

Loading