ПРВА ИЗЈАВА НА ПРЕЖИВЕАНИОТ ВО ЕДНА ОД НАЈСМРТОНОСНИТЕ АВИОНСКИ НЕСРЕЌИ

Има двајца преживеани, членови на екипажот во авион на Jeju Air, кој поради технички проблем денеска слетал без тркала и удрил во бетонски ѕид на меѓународниот аеродром Муан, пишува Yonhap..

Јужна Кореја се справува со една од најлошите и најсмртоносните воздушни катастрофи во речиси 3 децении

Се работи за стјуардеса и стјуард кои се хоспитализирани, а преживеале бидејќи биле кај опашката на авионот.

Преживеаниот, 33-годишниот Ли прво бил префрлен во болница во блискиот град Мокпо, 311 километри јужно од Сеул, а подоцна во болница.

„Кога се разбудив, веќе бев спасен“, им рекол Ли на лекарите во болницата.

Лекарите велат дека тој е способен да комуницира и нема знаци за можно губење на меморијата. 

Ли бил примен на одделот за интензивна нега поради повеќекратни скршеници. Другата преживеана е стјуардесата Ко (25), која се наоѓа во медицинскиот центар Асан во Сеул и е во стабилна состојба, иако има повреди на главата и глуждот.

Во авионот имало 181 лице, од кои повеќето државјани на Јужна Кореја.

Возраста на патниците се движела од три до 78 години, но повеќето биле на возраст од 40, 50 и 60 години, објави јужнокорејската новинска агенција Јонхап.

Според јужнокорејските власти, најмладиот патник бил тригодишно момче. Од вкупниот број на загинати, пет се деца помлади од 10 години.

Владата прогласи национална жалост во земјата во следните седум дена. Знамињата на владините канцеларии ќе бидат спуштени, а државните службеници ќе носат црни ленти

Loading