ПОТРЕСНО ВИДЕО: Жена „проголтана“ во пламен по експлозија на телефон

Мобилен телефон експлодирал во џебот на една жена додека стоела до нејзиниот сопруг во прометниот супермаркет во бразилскиот град Анаполис, покажуваат снимките од безбедносните камери.

На видеото се гледа како мобилниот телефон почнува да гори, додека пламенот ги зафати панталоните на жената, по што таа истрчува од продавницата, додека нејзиниот сопруг се обидува да го изгасне пламенот, објави Дејли мејл.

Нејзиниот сопруг Матеус Лима изјави за бразилската новинска агенција G1 дека ја соблекол кошулата за да го изгасне оганот.

Жената по инцидентот била пренесена во болницата „Алфредо Абрао“, каде и била укажана помош од изгореници од прв и втор степен на раката, подлактицата, грбот и задникот.

Лима рече дека купиле мобилен телефон, Moto Е32, пред една година и секогаш плаќале преку него.

Motorola во соопштението соопшти дека веќе стапила во контакт со жената и дека прави „анализа“ на делумно стопениот телефон за да се утврди што го предизвикало пожарот.

„Компанијата дава приоритет на безбедноста на своите потрошувачи и нагласува дека сите нејзини производи се внимателно дизајнирани и произведени според највисоките стандарди за квалитет, подложени на ригорозни тестирања за да понудат безбедни перформанси за потрошувачите“, се вели во соопштението на Motorola.

Loading