Иран, преку преговори со својот главен непријател – Соединети Американски Држави – овој викенд ѝ дава „искрена шанса“ на дипломатијата, соопшти портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи во петокот на платформата Икс (поранешен Твитер).
Американскиот претседател Доналд Трамп неочекувано во понеделникот објави дека Вашингтон и Техеран се подготвени да започнат преговори за иранската нуклеарна програма во сабота, во Оман, предупредувајќи дека Исламската Република ќе биде во „голема опасност“ доколку преговорите не успеат.
Објавата предизвика забуна, бидејќи иранските власти изјавија дека разговорите ќе бидат директни, со Оман како посредник.
Иран, кој претходно тврдеше дека нема да биде принуден на преговори, сега вели дека САД треба да ја ценат оваа одлука, и покрај тоа што нивните односи се „хаотични“.
„Оваа сабота имаме намера да ја процениме искреноста и подготвеноста на другата страна“, изјави портпаролот Есмаил Багаеи.
Иранските државни медиуми јавуваат дека разговорите ќе ги водат министерот за надворешни работи Абас Арагчи и претставникот на американскиот претседател, Стив Виткоф, со посредство на министерот за надворешни работи на Оман, Бадр ал-Бусаиди.
![]()

