Во саботата, две руски ракети го погодија центарот на украинскиот град Суми, при што загинаа најмалку 34 лица, а 117 беа повредени, соопштија украинските власти. Нападот се случи за време на Цветници, кога граѓаните мирно се собирале.
Трамп: „Оваа војна е срам“
Американски претседател Доналд Трамп остро реагираше, нарекувајќи го нападот „ужасен“.
– Ова не е моја војна, ова е војната на Бајден – рече Трамп, додавајќи дека се обидува да стави крај на конфликтот и да спаси животи.
Реакции од Европа: „Русија повторно удри со суровост“
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека Русија повторно покажала суровост, убивајќи мажи, жени и деца на верски празник. Таа го нарече нападот „варварски“ и „груб прекршок на меѓународното право“.
Градот Суми, со околу 250.000 жители, е блиску до руската граница. Градоначалникот прогласи три дена жалост. Според украинските власти, жртвите биле луѓе кои се движеле по улица, биле во автомобили, јавен превоз или во своите домови.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика САД и Европа на остар одговор, оценувајќи го нападот како „тероризам“.
– Без притисок врз агресорот, нема мир – порача тој.
![]()

