Трамп жестоко го нападна Зеленски: Еве што сега му порача 

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп остро го критикуваше украинскиот претседател Володимир Зеленски, обвинувајќи го дека е одговорен за војната со Русија.

„Не започнуваш војна против некој што е 20 пати посилен од тебе, па потоа се надеваш дека другите ќе ти праќаат ракети“, изјави Трамп од Овалната канцеларија, пренесува Disclose TV.

Тој нагласи дека конфликтот меѓу Русија и Украина е „војна на Бајден“, а не негова, и се огласи и на својата социјална мрежа Truth Social.

„Само што ја презедов функцијата. Во текот на мојот прв мандат од четири години, немав никакви проблеми да спречам вакво нешто да се случи. Претседателот Путин, како и сите други, го почитува претседателот на САД. Јас немам никаква врска со оваа војна, но сега напорно работам за да ги запрам смртта и уништувањето“, порача Трамп.

Тој додаде дека, според неговото мислење, „таа ужасна војна немаше ни да се случи“ ако претседателските избори во САД во 2020 година, како што тврди, „не беа наместени“.

„Претседателот Зеленски и корумпираниот Џо Бајден катастрофално ја водеа ситуацијата и дозволија трагедијата да започне. Имаше толку многу начини тоа да се спречи. Но, тоа сега е минато. Сега мораме брзо да ја запреме војната. Сето ова е тажно“, заклучи Трамп.

Loading