Израелската војска денес (четврток) објави дека на седмиот ден од офанзивата против Исламската Република спроведува низа напади во Иран, вклучително и во Техеран.
„Израелските воздушни сили во моментов спроведуваат низа напади врз Техеран и други области во Иран“, соопшти израелската војска на Телеграм.
Најавувајќи претстојни напади, израелската војска повика на евакуација на иранските села Арак и Хондаб, кои се наоѓаат во близина на нуклеарни постројки.
„Израелските одбранбени сили итно ги повикуваат жителите, работниците и сите присутни во иранските села Арак и Хондаб (…) веднаш да се евакуираат пред нападите врз воената инфраструктура“, се наведува на Телеграм.
Иранската противвоздушна одбрана беше активирана во централниот дел на Техеран и пресретна дронови над главниот ирански град, јавува новинската агенција SNN.
![]()

