Неочекуван удар за Илон Маск: Ракетата Старшип експлодираше за време на тестирањето, видеото е застрашувачко (Видео)

Ракетата Спејс-Икс Старшип, која се наоѓаше во фаза на тестирање во базата во Тексас, експлодираше – претставувајќи сериозен предизвик за компанијата на Илон Маск во неговата мисија за освојување на вселената.

Инцидентот се случил непосредно пред предвидениот критичен тест на леталото Шип 36 – постапка при која моторите на ракетата се активираат додека таа е цврсто прицврстена за земја, како финална проверка на системите пред лансирање.

Видеото веднаш стана вирално на социјалните мрежи.

На видеоснимките објавени на социјалните мрежи се гледа моментот на експлозијата: масивен оган се издигнува десетици метри во воздухот, додека подготовките драматично се прекинуваат.

Ова е неочекуван инцидент за компанијата на Маск, која постојано се стреми кон унапредување на вселенските технологии.

Loading