Американскиот сенатор Берни Сандерс синоќа во Тексас одржа остар говор против поранешниот претседател Доналд Трамп и елитата од најбогатиот слој на општеството, обвинувајќи ги за продлабочување на нееднаквоста и нарушување на основните вредности на земјата.
Сандерс остро ја критикуваше улогата на парите во политиката, корпоративната алчност и буџетскиот предлог на Трамп, кој – според него – „уште повеќе го зголемува јазот меѓу богатите и сиромашните“. „САД се на работ на невидена опасност“, предупреди тој.
Но, најдраматичниот момент на вечерта се случи на самиот почеток од говорот. Асистент му достави белешка на хартија, по што Сандерс видно шокиран остана со подотворена уста и неколку секунди во неверување ја вртеше главата – според пораката, САД го нападнале Иран.
Here’s the moment Bernie Sanders found out that Trump bombed Iran. A staffer handed him a news clipping while he was talking about the Big Beautiful Bill in Tulsa. pic.twitter.com/4vM1vMnr6z
— Brian Krassenstein (@krassenstein) June 22, 2025
Откако се созеде, Сандерс го осуди нападот како незаконски и противуставен, истакнувајќи дека само Конгресот има право да одобри воена интервенција.
„Имаме претседател кој речиси секој ден делува против вредностите на оваа земја и против интересите на работничките семејства“, рече тој.
Белата куќа во меѓувреме изјави дека се работело за „ограничена воена акција насочена кон иранските нуклеарни капацитети“, а не за официјална објава на војна.
Сандерс заврши со повик за мир и вложување во иднината: „Време е да инвестираме во обновата, а не во војни“, додека публиката во салата неколкупати скандираше: „No new wars!“ (Без нови војни!)
![]()

