Израел се согласи на „неопходните услови“ за финализирање на 60-дневен прекин на огнот во Појасот Газа за време на состанок со претставници на САД, изјави претседателот на САД, Доналд Трамп.
„Моите претставници имаа долг и продуктивен состанок со Израелците за ситуацијата во Газа. Израел се согласи на неопходните услови за финализирање на 60-дневниот прекин на огнот, за време на кој ќе соработуваме со сите страни за да го завршиме војниот конфликт“, напиша Трамп на мрежата „Трут сошл“.
Тој додаде дека Катар и Египет, кои напорно работеа на воспоставување мир, ќе го претстават овој конечен предлог.
„Се надевам, за доброто на Блискиот Исток, дека Хамас ќе го прифати овој договор, бидејќи нема да има подобра понуда – ќе биде само полошо“, напиша Трамп.
![]()

