Европски парламент гласа за доверба на Урсула фон дер Лаен: Мала веројатност за смена

Европскиот парламент ќе гласа во четврток за предлогот за (не)доверба кон претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен. Иницијативата беше покрената од романскиот пратеник Ѓорѓе Пипереа, член на крајната десница и партијата AUR.

Причината за барањето за недоверба е т.н. „Фајзергејт“ скандал, односно, одбивањето на фон дер Лаен да ги објави SMS-пораките што ги разменувала со извршниот директор на Фајзер, Алберт Бурла, за време на преговорите за набавка на вакцини против ковид-19. Судот на ЕУ оцени дека ваквото одбивање е неоправдано.

Во иницијативата таа се обвинува и за нетранспарентно управување со постпандемиските фондови, планирање на големи одбранбени инвестиции без консултации со Европскиот парламент и политичка пристрасност, особено во врска со изборите во Романија.

Иако иницијативата доби поддршка од 79 пратеници, за да биде изгласана потребни се 361 гласови од вкупно 720 пратеници. Според проценките, шансите за нејзино усвојување се минимални, бидејќи мнозинството пратеници, и покрај несогласувањата, не ја поддржуваат иницијативата.

Loading