Брижит го игнорираше Макрон: Нов „ладен“ момент на аеродромот во Лондон (Видео)

Францускиот претседателски пар повторно се најде во фокусот на јавноста поради знак на можни тензии меѓу нив. При пристигнувањето на аеродромот Нортхолт во Лондон, каде што се на државна посета, првата дама Брижит Макрон одби да ја прифати подадената рака од претседателот Емануел Макрон, наслонувајќи се ладнокрвно на оградата.

Многумина го протолкуваа овој гест како суптилно игнорирање и доказ за затегнати односи.

Иако резервирана кон сопругот, Брижит се однесувала топло и пријателски кон британската јавност, објави Њујорк пост.

 

По пристигнувањето, двојката беше свечено пречекана во замокот Виндзор од страна на принцот Вилијам и принцезата Кејт, како и од кралот Чарлс III и кралицата Камила.

Овој настан следува по претходен инцидент во мај, кога Брижит била снимена како го удира Макрон пред камери, момент кој исто така предизвика бројни шпекулации за нивната врска.

Loading