Францускиот претседател Емануел Макрон повика Европската унија да покаже одлучност и да ги брани европските економски интереси по најавата на Доналд Трамп за можна царина од 30% на речиси целиот увоз од ЕУ.
Изјавата доаѓа во момент кога ЕУ и Индонезија потпишаа политички договор за слободна трговија по деветгодишни преговори, при што индонезиски дипломати ја оценија Унијата како постабилен партнер од САД.
Макрон истакна дека Унијата мора да биде подготвена и за трговски судири, во спротивност со Германија, која повикува на смиреност. Американската страна најави дополнителен притисок доколку не се постигнат подобри договори.
Трговијата меѓу САД и ЕУ изнесува 1,4 милијарди евра годишно, а новата напнатост доаѓа во време на глобална нестабилност.
![]()

