20-годишен затвореник направил неверојатен план за бегство.
Имено, во затворот Лион-Корба во југоисточна Франција се случи невообичаено бегство кога 20-годишен затвореник се сокрил во торба со алишта на својот „цимер“ од келијата кој бил пуштен на слобода. Вработените не забележале ништо сомнително, а бегството било откриено дури следниот ден.
Затвореникот, кој издржувал повеќе казни и бил под истрага за организиран криминал, искористил момент на слабост во безбедносниот протокол. Властите веднаш отвориле истрага, оценувајќи го настанот како „серија на пропусти“.
Инцидентот повторно го актуелизира проблемот со пренатрупаноста во затворот Лион-Корба, каде на 1 мај биле сместени 1.200 затвореници во установа со капацитет за 678.
Француското министерство за правда најави внатрешна ревизија, а против бегалецот е издадена потерница. Судска истрага е отворена под сомнение за бегство во рамки на организирана група и криминален заговор.
Настанот отвори сериозни прашања за ефикасноста на затворскиот систем и безбедносните пропусти во установите со прекумерен број притвореници.
![]()

