Нови закони во Германија од 1 август: Што носат промените за вадење лични документи и сопствениците на имот

Иако летните одмори се во полн ек, од 1 август во Германија стапуваат на сила серија нови закони и регулативи кои ќе влијаат врз милиони граѓани. Најмногу ќе бидат засегнати семејствата кои имаат деца кои одат во училиште, сопствениците на имоти и сите што имаат потреба од нови лични документи.

Во повеќето покраини, децата што до 1 август наполнуваат шест години мора да започнат со училиште. Точниот датум за почеток зависи од федералната покраина. Така, на пример, во Баден-Виртемберг се запишуваат децата родени до 30 јуни, а во Баварија до 30 септември.

Од 1 август, книжните фотографии за лични карти и пасоши повеќе не се прифаќаат. Наместо тоа, обврзно ќе бидат само дигитални фотографии направени директно на овластени локации. Цената за ваква фотографија се движи од 10 до 15 евра.

Од 18 август, сите типови батерии ќе може бесплатно да се предаваат за рециклажа на специјални пунктови. Новитет е и воведувањето QR-кодови на батериите, кои ќе нудат информации за нивниот еколошки отпечаток, состав и можностите за рециклажа. Ќе следуваат казни доколку батериите се фрлаат на други места, освен на специјалните пунктови.

Од 2 август започнува примената на новиот европски закон за вештачка интелигенција, кој налага поголема транспарентност и задолжително означување на содржини креирани со помош на АИ. Компаниите кои нема да се придржуваат до правилата може да се соочат со многу високи казни.

Што се однесува до пензионерите пак, ќе добијат зголемување на пензиите од 3,74%.

Loading